Самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15-ти март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија...
Денеска е последен ден за поднесување на годишните сметки за правните лица, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15-ти март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија.
Големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма, појаснуваат од Централниот регистар кој работи од 7 до 21 часот, додека во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево работното време е од 8 до 16 часот.