За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и нетранспарентни задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните.
Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, се решава долгогодишниот проблем со стечајните работици, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, зголемена е поддршката за претпријатијата, а непродуктивните трошоци се драстично намалени.
Дополнително, како резултат на транспарентните критериуми предвидени од Планот за економски раст потпишани се договори за осум нови инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту еден денар на граѓаните за промоција и маркетинг.
Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а неодамна, меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен.
Наспроти лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ги чувствуваат придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ којашто продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард за сите граѓани.