Транспортери на руда за „Фени” денеска повторно излегоа на протест поради неисплатени побарувања од страна на комбинатот, во висина од околу четири милиони евра. Целосно е блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Трајче Пејовски, претседател на Здружението „Кипер”, појасни дека не го прифаќаат минатонеделниот предлог од „Џи Сол” сега да им биде исплатена половина од сумата, а остатокот на рати.

– Ќе бидеме тука се додека не се исполнат нашите барања, исплата во целост на долгот. „Фени” ќе биде блокиран 24 часа и нема да биде пропуштено ниедно возило, работниците ќе бидат пропуштени без проблем, фабриката мора да работи и ние не сме против неа, туку си ги бараме нашите права, нагласи Пејовски.

Тој појасни дека викендов имале и понуда половина од парите да ја добијат сега, а остатокот после една година. Но и тоа не било прифатливо за нив.

Целосната блокада ќе трае до 15 часот. Во меѓувреме, се пропуштаат итните случаеви.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2018 21:03