Наместо натамошна професионализација, власта го партизира Министерството за одбрана. СДСМ го претвори МО и Военото разузнавање во институција за вдомување и унапредување на партиските кадри.

Останаа неодговорени прашањата на јавноста дали првиот човек на Военото разузнавање, Горан Василевски, кој експресно доби безбедносен сертификат е поставен за началник поради неговата партиска активност.

Јавноста чека одговори како Василевски кој бил одбиван за издавање на безбедносен сертификат, за што водел и постапка пред Управен суд експресно се стекнал со истиот по доаѓањето на новата власт. Дали добивањето на безбедносниот сертификат е последица на неговите партиски ангажмани за време на Шарената револуција?

СДСМ го разнишува кредибилитетот на МО и Военото разузнавање кај нашите НАТО партнери и ја уништува тешко стекнатата доверба, која што е неопходна за справување со современите безбедносни закани.

Шекеринска мора да одговори дали Василевски во замена за издавање на сертификатот сега работи на партизација на воената служба за безбедност и разузнавање, преку испраќање на свои потчинети од Службата на партиски митинзи на СДСМ?

На оваа фотографија се гледа како висок офицер на Военото разузнавање, Трајче Касапинов, учествуваат и обезбедуваат партиски митинг на СДСМ во општина Лозово.

Во кое својство Касапинов се наоѓа на партискиот митинг на СДСМ?

Како да очекуваме дека овие лица кои делуваат по партиска линија ќе работат на професионализација на Министерството за одбрана?

Василевски и Касапинов се лица кои учествуваат во изготвување на законските решенија за следење на комуникациите и кои учествуваат во изработка на стратешките документи во доменот на одбраната. Имајќи го предвид сето ова, како можеме да очекуваме дека тие ќе дадат непристрасен придонес во реформата на системот за следење на комуникации, преку нивното учество во Работната група за донесување законски решенија во врска со следењето на комуникации?

Шекеринска со поставувањето на лица кои очигледно имаат блиска релација со СДСМ го партизира МО и Военото разузнавање преку што директно го руши угледот на службата и создава сомнеж кај нашите партнери за професионалноста и кредибилитетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2018 22:14