За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните.

Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, се решава долгогодишниот проблем со стечајните работици, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, зголемена е поддршката за претпријатијата, а непродуктивните трошоци се драстично намалени.

Потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту еден денар на граѓаните за промоција и маркетинг.

Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а неодамна, меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2018 22:15