Скандалозно и недозволиво е членовите на Државната комисија за спречување на корупција, институцијата која е задолжена да се бори против различни видови корупција, да се однесуваат неодговорно и расипнички во трошењето на парите на граѓаните, бидејќи следењето на неодговорно и коруптивно трошење на буџетските пари е суштината на нивната работа.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го почитува принципот на нулта толеранција кон корупцијата и затоа, сите членови на Државната комисија за спречување корупција кои расипнички и неодговорно ги трошеле парите на граѓаните, мора да понесат одговорност и да поднесат итни и неотповикливи оставки.

Македонија станува правна држава со нулта толеранција за корупција, а одговорноста и владеењето на правото стануваат системско, а не инцидентно однесување на државните институци. Сите институции мора да работат одговорно и професионално, а секој поединец кој работел незаконски, неодговорно и непрофесионално без разлика на функцијата што ја извршува мора да понесе одговорност за своите постапки.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2018 00:32