На 01.03.2018 (четврток) Sport Vision ги изненади своите потрошувачи со релокација на продавницата во срцето на Скопје, отсега во ГТЦ на приземје.

Sport Vision како лидер на регионалниот и македонскиот пазар за спортска опрема, облека и обувки, има цел на своите потрошувачи да им го обезбеди најдоброто купувачко искуство преку уникатно уредени продавници и посебно одбран асортиман од најдобрите светски спортски брендови.

Новата локација на приземјето на Градскиот трговски центар покарај тоа што овозможи Sport Vision да биде поблиску до потрошувачите, овозможи и збогатување на асортиманот.

На двојно поголемата површина од преку 600м2, поделена на две нивоа, Sport Vision ќе понуди асортиман збогатен со KIDS и FITNESS корнери. KIDS корнерот е дел од новиот концепт на продавниците на Sport Vision и претставува простор каде што можете да пронајдете облека, обувки и додатоци за Вашите најмили од препознатливите спортски брендови: Nike, Jordan, Adidas, Under Armour, Champion и Umbro. FITNESS корнерот е посветен на професионалните атлети и фитнес ентузијасти. Широкиот асортиман на фитнес справи, додатоци и спортски реквизити со сигурност ќе помогнат да го дадете најдоброто од себе за време на тренинзите.

Реотворањето беше одбележано во духот на компанијата, целодневна забава со ДЏ, изненадувања, подароци, попусти и несекојдневен паркур настап. Паркур настапот симболично ја прикажа релокацијата на продавницата од првиот кат кон приземјето. Реотворањето и новата понуда не ја пропуштија и најголемите фанови на Sport Vision, меѓу кои беа и препознатливите лица на: Кокан Ајаноски, Дарко Глишиќ, Едина Муса, Димитар Атанасовски, Марко Марк, Елена Бубало, Атанас Михајловски, Ивана Атанасовска, Ивица Јаковлевски и многу други.

Забавата и изненадувањата не престануваат тука. Специјалните попусти од 20% и 30% ќе продолжат до 03. март (сабота).

Екипата на Sport Vision Ве очекува подготвена за нови предизвици на нова локација – Sport Vision ГТЦ приземје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2018 01:18