Во организација на FEEL Продукција, наскоро во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева „Извор“.

- Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, порачуваат од FEEL Продукција.

Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 21:00 часот. Билетите се продаваат по цена од 500, 600 и 1.000 денари (VIP) во сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и Струга.

Дополнителни информации и резервации на билети и VIP маса на телефонот: 076/440-334.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2018 01:20