Незаборавни моменти исполнети со многу љубов во Комплексот Македонско село.

Од 3 до 10 Март во прекрасниот амбиент на комплексот Македонско село ќе се одржуваат Деновите посветени на жената.

Во „Деновите на жената“ Комплексот Македонско село ќе биде локација идеална за сите генерации. Гостите ќе можат да уживаат во вкусната традиционална храна, која е заштитен знак на Македонско село, во атмосфера на прекрасните звуци и мелодии интерпретирани од групата Коштана и Компас Бенд.

За да несекојдневното уживање биде целосно, тука е и детската работилница која ќе биде организирана со цел најмладите креативци квалитетно да го поминат нивното време преку изработка на мартинки, осмомартовски честитки и подароци за своите мајки како и грнчарската работилница во која ќе може секој од вас да изработи уникатен подарок за своите најблиски.

И секако, доколку сте во дилема што да подарите за овој 8-ми март, Комплексот Македонско село ќе ви помогне во изборот на вашиот подарок за понежниот пол, преку осмомартовскиот базар во кој ќе бидат понудени прекрасни предмети и книги...

Доколку пак сакате да доживеете едно поинакво искуство, спој на гастрономско уживање, романтична вечера, вкусно вино, прекрасен поглед и отворено небо, тоа ќе можете да го направите во ресторанот „Антигона“ и да го прославите Денот на жената кој долго ќе го паметите...

Затоа, препорачуваме - чист воздух, панорамски поглед, вкусна храна и многу љубов – идеален амбиент во кој ќе уживаат сите дами.

Денови на жената во Македонско село


Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2018 01:44