Најголем број слободни работни места, односно 2.432 има во групата рабтници во услужни дејности и продажба

Во четвртото тримесечје од 2017 година во Македонија стапката на слободни работни места изнесувала 1,33 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според статистика, во овој кватрал имало 6.534 слободни работни места.

Највисока стапка слободни работни места има во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, 2,85 отсто, додека најмала во „јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување“ каде што стапката изнесува 0,04 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места и таа изнесува 1,61 отсто.

Пелагонискиот регион имал најмногу слободни работни 1.157 или 2,35 отсто, а најниска во североисточниот 0,67 отсто или 148 слободни работни места.

Во скопскиот имало 3.332 слободни работни места при што стапката на слободни работни места изнесувала 1,28 отсто.

Најголем број слободни работни места, односно 2.432 има во групата работници во услужни дејности и продажба.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2018 18:53