Под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“ Форумот на жени на СДСМ денеска во Куманово го организира традиционалниот шестти по ред марш во чест на 8 Март.

На маршот ќе се обрати и премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, а свои обраќања ќе имаат и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, генералниот секретар Александар Кирацовски и коррдинаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Почетокот на Маршот е пред затворениот базен во Куманово, преку „Октомвриска“ улица се до Центарот на Куманово.

Маршот се организира шестта години по ред, во различни градови низ Македонија, а на него маршираат илјадници жени од Републиката за обнова и развој на правата на жените.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 00:03