Пајакот не ја нападнал полициската службеничка! Секој обид јавноста да се убеди дека полициската службеничка е жртва на пајакот е срамно потценување на граѓаните.

Докази за случајот има. СДСМ не смее да го руши угледот на институциите заради политички интереси. Барањето граѓаните да и доставеле снимки на полицијата е недолично. Доволно е да се преслуша снимената службена комуникација и барањето на помош од страна на полицајката. Доволно е да се провери листингот од телефонот на партискиот функционер и да се види кај кого се јавувал и ургирал. Доволно е да се прашаат полициските службеници кои дошле на лице место зошто не интервенирале и зошто го пуштиле функционерот да си замине. Сите докази на министерот Спасовски му се пред нос, доколку одлучи да ја напушти верзијата за самоповредување на полицајката.

Срамно е колкав напор вложува МВР во обид да објасни колку е невин партискиот функционер за нападот врз полицајката, а колку не покажува ниту минимална грижа да го открие сторителот кој избоде 17 годишно момче во центарот на Скопје. Четири дена поминаа, а Оливер Спасовски не ги повика на средба најблиските на момчето кое беше во критична состојба. Убиецот сеуште се шета на слобода, исто како и убиецот на Мартин Јанушев. Илјдници криминалци се шетаат на слобода благодарение на амнестијата и неспособното раководство на полицијата. Граѓаните се чувствуваат се помалку безбедни и се повеќе исплашени.

Безбедноста е сериозно нарушена. Ограбувањето на банки, менувачници, аптеки стана секојдневие, а МВР е немоќно и фокусирано на исполнување на партиските интереси на СДСМ.

Јавноста мора да биде дефокусирана од ваквата состојба и некаде мора да се покаже сила. Затоа со злоупотреба на институциите СДСМ одлучи тоа да го стори врз политичките неистомисленици.

Затоа за терористи се прогласени уметници, чесни луѓе и патриоти и на истите им се изречени притвори.

Политички се прогонува секој што не се согласува со криминалното дејствување на владата на СДСМ, а за таа цел се користат институциите на системот. Обвинителството е насочено исклучиво кон гонење на монтирани дела по нарачка на СДСМ, додека за гонење на криминал го нема.

Судот мора да ја врати својата моќ, да го гарантира владеењето на правото и да го санкционира незаконитото постапување. Со тоа ќе се врати довербата на граѓаните во судството. Власта врши притисок над судиите, да носат одлуки во политички монтирани случаи, на директна штета на демократијата и владеење на правото.

Некој мора да сноси одговорност за незаконското приведување и притворање на пратениците и останатите патриоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 00:06