Граѓаните го паметат насилничкото и недемократско однесување на Заев
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
СДСМ го достигна врвот на лицемерието и потценувањето на јавноста.
Пред неполни две години Зоран Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од Претседателот Ѓорге Иванов. Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции.
Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт. Напротив, Македонците не се примитивци и имаат легитимно право да изразат револт и да се спротистават на тргувањето со највисоките национални интереси.
Срамно, дури и за СДСМ.
Граѓаните го паметат насилничкото и недемократско однесување на Заев. Македонскиот народ си ја сака Македонија и затоа оваа антидржавна и ненародна власт мора да замине.
Во прилог следуваат фотографии и видеа од однесувањето на врвот на СДСМ.