Признанието дека палењето на фотографии на претседателот Ѓорге Иванов е примитивен и антидемократски чин не е доволно. Сите што инспирираа и поддржуваа вакво однесување мора да сносат одговорност. Хулиганите блиски до СДСМ пред две години, освен што палеа фотографии, демолираа и уништуваа државни институции.

Сега истите преку државните институции уништуваат и уриваат споменици по урнек на Талибанците и ИСИС. Сега истите тие се обидуваат да ги навредат сите Македонци низ светот, поистоветувајќи ги со еден изолиран случај, само заради решителноста да се спротистават на антидржавните политики на СДСМ и срамното тргување со највисоките национални интереси.

Ваквото деструктивно однесување, невидено за демократска Европа, мора да запре.

Оние кои се смееја и аплаудираа на палењето фотографии треба да си заминат.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 22:36