Фабриката „Макпрогрес“ денеска ќе ја презентира новата инвестиција во Источна Македонија вредна 650.000 eвра.

Инвестицијата е реализирана последните две години во изградба и планирање нов погон, производна опрема за преработка и пакување на производите од брендовите Сончева Долина, како и во новиот бренд „Фантазија“.

Новата инвестиција, најавуваат од фабриката, отвора и нови работни места во Виница и регионот.

- „Фантазија“ е скроена согласно потребите и барањата на модерниот потрошувач. Станува збор за полуготови миксови за колачи, бисквити и додатоци за колачи и кулинарство. „Фантазија“ нуди и иновативни производи, солените мафини и крекери, идеални и брзи за подготовка на појадок или ужинка, велат од „Макпрогрес“



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2018 14:27