Вработението во прилепскиот комбинат „Еурокомпозит“ поради несплатените плати за што подолг период протестираа во Прилеп, сега најавуваат дека својоте револт ќе го искажат пред Собранието, а потоа пред Владата каде ќе постават шатори и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени двете заостанати плати.

Вработени од прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ во вторникот се собраа пред зградата на Сојузот на синдикати (ССМ) во Скопје, од каде најавија дека ќе заминат на протест пред парламентот, а потоа на „Илинденска“ ќе постават шатори и во кои ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени двете заостанати плати.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во понеделникот порача дека Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во „Еурокомпозит“, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат.еурокомпози

„Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука Еврокомпозит да стане добро и здраво прептријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа“, рече Анѓушев.

Вработените од Еурокомпозит веќе повеќе денови наназад бараат од Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати во спротивно најавуваа дека ќе кампуваат пред Владата се додека не биде исполнето нивното барање.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2018 15:10