ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа, додека мнозинството граѓани тонеа во долгови и сиромаштија, нема ниту минимален кредибилитет да зборува и да глуми загриженост за социјалната заштита.

За разлика од таквиот однос кон граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи на унапредување на социјалната заштита и системско извлекување на граѓаните од сиромаштија. СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи веќе подготвува нов Закон за социјална заштита којшто треба да биде донесен оваа година. Во новиот Законот предвидено е воведување на минимален адекватен приход и значително зголемување на социјалната помош чијшто износ нема да биде ист за сите, туку ќе биде прилагоден на индивидуалните потреби на различните корисници.

Граѓаните ја гледаат и чувствуваат разликата помеѓу одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ преку укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтина тарифа на струјата, зголемувањето на минималната плата по што 90 000 граѓани добиваат повисока плата, како и решавањето на проблемот со стечајните работници, ги скратува трошоците за живот и обезбедува повеќе пари за граѓаните и нивните семејни буџети.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2018 23:54