Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Потпретседателот Александар Николовски и Тимчо Муцунски, оствари средба со Јан Хекер, Советник за надворешна политика на Канцеларот на СР Германија, Ангела Меркел.

На средбата Мицкоски најпрво му честиташе на соговорникот за формирањето на новата коалиција во Германија и нагласи дека очекува да продолжи поддршката дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на Република Македонија, во новиот мандат на Канцеларката Меркел.

Мицкоски го информираше Хекер за политичка состојба во Македонија, посебно нагласувајќи ги политичките притисоци врз институциите и граѓаните од страна на партиите на власт.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која како свои стратешки приоритети ги има евроатланските интеграции и ќе продолжи со своите капацитети да ги поддржува истите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2018 15:40