„Единствена Македонија изразува шокираност од најновите информации, според кои, деновиве на меѓусебните средби меѓу Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети е постигната согласност за промена на името и на средбите всушност се разговарало за технологијата како да се изведе операцијата за обезличување на македонскиот народ и промената на вековното македонско име.

Значи, повеќе нема дилема. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ настапуваат како една партија „Погреб за Македонија„ со ко-претседателите Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, со крајна цел промена на името-Република Македонија.

Единствена Македонија ја предупредува партијата „Погреб за Македонија“ и нејзините ко-претседатели Заев, Мицкоски и Ахмети дека немаат мандат да го обезличат македонскиот народ и дека промената на името ќе се смета за национално предавство.

Со доаѓањето на новата легална власт ќе бидат поништени сите антимакедонски и антидржавни акти на владејачката партија „Погреб за Македонија“ со кои се рушат Македонија и Македонците“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2018 16:00