Трошоците за живот во февруари оваа година се зголемија за 1.9% во однос на февруари минатата година. Катастрофалните политики на СДСМ на економски план почнуваат да влијаат на животот на граѓаните.
Загрижува фактот што трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец. Трошоците за живот во февруари во однос на јануари оваа година бележат пораст од 0.2%, доколку продолжи оваа тенденција на раст на трошоците за живот сериозно се загрозува животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ.
Додека трошоците за живот растат, платите, пензиите и социјалната помош тапкаат во место. Во услови кога од месец во месец животот е се поскап, а приходите на граѓаните исти се повеќе ќе се соочиме со намалена куповна моќ на граѓаните и сиромаштија.
СДСМ не знае да ја води економијата. Граѓаните се жртва на погрешните политики на СДСМ на економски план.
Лошата економска политика од месец во месец ги обезвреднува парите и го намалува количеството на производи кои можат да се купат.
СДСМ ветуваше подобар економски стандард и просперитет, донесе стагнација и беда.
Неодговорните политики на власта мора да запрат пред последиците да бидат ненадоместливи.
Наместо покачување на давачките, даноците и цените, власта мора да ги подобри условите за живот.