Столбот на одбраната на Јувентус, Џорџо Киелини, по триумфот во Лондон синоќа над Тотенхем рече дека неговиот тим имал среќа, но нагласи дека заслужено се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
- Одигравме натпревар во кој имавме добри и лоши моменти. Среќата беше со нас, но таа ги следи храбрите. Заслуживме да победиме, иако и Тотенхем имаше свои минути. Некогаш еден момент го решава натпреварот. На крајот сметам дека пресуди нашето искуство. На идните средби нема да ни биде доволно само искуството туку ќе треба да одиграме добро во континуитет цел меч, истакна Киелини.
Јувентус го победи Тотенхем на „Вембли“ со 2:1 и по нерешените 2:2 во Торино обезбеди место меѓу осумте најдобри во ЛШ.
Покрај италијанскиот првак во четвртфиналето досега се пласираа уште и Манчестер Сити, Реал Мадрид и Ливерпул.