Челниците на ПСЖ само ден по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите одлучија на крајот на сезоната да го сменат Унаи Емери.
Според „Л’екип“ на негово место ќе го доведат Антонио Конте од Челзи.
Контактот меѓу двете страни е остварен и тоа преку неговиот брат Џанлука, а тренерот е подготвен да влезе во преговори.
Се очекува и Антонио Конте, како и Унаи Емери, на крајот на сезоната да го напушти клубот затоа што не е задоволен со трансфер политиката на Челзи, а покрај ПСЖ има понуда и да се врати на клупата на италијанската репрезентација.
Сепак, ПСЖ може да понуди многу подобри финансиски услови и да го доведе Конте за кого сметаат дека може да донесе трофеј во Лигата на шампионите, но и да направи вистинска атмосфера во екипата со својот изразен темперамент и високото ниво на дисциплина.
Агентот на Конте Федерико Пасторело веќе неколку денови е во француската престолнина и би можело уште сега се постигне договор.