Пајакот мора да биде сопрен!
Колку и да звучи иронично, неказнивоста и селективната примена на законите само предизвикуваат охрабрување на насилството.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите кои му биле упатувани на Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Со жалење констатираме дека ваквите појави се последица на инертноста и неодговорноста на МВР која наместо соодветно да ги санкционира политичките насилници, ги заштитува и ги забошотува случаите на насилство и закани.
Сторителите се добро познати, ама Оливер Спасовски, Владата на СДСМ и надлежните институции се прават слепи при очи и глуви при уши.
ВМРО-ДПМНЕ принципиелно бара да се санкционира секој облик на закани и насилства, особено кон новинарите и медиумите, кои до ден денес власта на СДСМ не ги процесуирала. Ваквото однесување на структурите на СДСМ само покажуваат за какво лицемерие се работи и нивната неподготвеност да се спотивстават на подземјето, политичките насилници и криминалци кои поради блискоста со владеачката партија се чувствуваат недопирливи во нивното тероризирање на граѓаните во Македонија.