СДСМ или свесно ги лажеа граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, додека граѓаните преживуваат.
Заев предизборите во 2016 година вети дека во првите шест месеци по преземањето на власта ќе воведе можност за предвремено пензионирање 5 години пред навршување на условите за старосна пензија.
Помина скоро една година, а граѓаните не само што не можат предвремено да одат во пензија, туку власта се заканува и со зголемување на старосната граница за пензионирање.
Граѓаните се излажани и изманипулирани.
СДСМ е целосно неспособна да менаџира со државните ресурси и расипнички без концепт за развој ги троши парите на граѓаните. Парите од Буџетот наместо да одат на проекти и покачување на плати, пензии и социјална помош, никој не знае каде завршуваат.
Заев и СДСМ ги ставија пензионерите на последен план.
Покрај тоа што не го реализираа ветеното, СДСМ го запре трендот на покачување на пензиите што е започнат од ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите за првпат оваа година не добија покачување, туку добија намалување.
СДСМ си поигра со оваа категорија на граѓани. Пензионерите се гневни и разочарани. СДСМ наместо да ги реализира ветувањата кои им ги даваше, спроведува штетни политики и ја носи државата кон економски колапс.