Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за граѓаните, за време на своето владеење ќе работеше на создавање услови за економски напредок и квалитетен живот за сите и немаше да ги задолжува и осиромашува граѓаните и државата само за да се задоволат криминалните апетити на поединци од раководството на партијата.
Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто денес се соочува ПИОМ и затоа опозициската партија шири лажни вести.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Владата предводена од СДСМ се грижи за сите категории граѓани подеднакво.
Пензиите се усогласуваат со трошоците за живот и тие се исплаќаат редовно и навремено. Одржливоста на пензискиот систем е приоритет за Владата предводена од СДСМ и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои се стабилизира состојбата со ПИОМ.
Граѓаните ја чувствуваат разликата помеѓу расипничкото и криминално трошење на буџетските пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.
Тоа го потврдуваат и економските параметри. По падот на економијата поради лошото владеење на ВМРО ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во последната четвртина од годината, економијата порасна за 1.2 % како одраз на враќањето на стабилноста и ефикасноста на спроведените мерки.