Повод за денешната прес конференција се долгоочекуваните резултати за растот на бруто домашниот производ во Република Македонија во последниот квартал од минатата година, а со тоа и сликата за движењето во македонската економија за цела 2017-та година, што пред малку ги објави Државниот завод за статистика.

За жал, морам да констатирам дека лошите економски политики на владата предводена од СДСМ се одразија врз стопанството и неговиот раст. Годишната стапка на раст во 2017 година во Република Македонија изнесува 0.

Во периодот кога вообичаено се очекува забрзување на растот на економијата по природен пат, а тоа е последниот квартал во годината, ова важи за сите земји развиени и неразвиени, кога расте потрошувачката на населението. Република Македонија бележи минимален раст на бруто домашниот производ од само 1,2% и тоа претставува трет најнизок раст во Југоисточна Европа.

Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст, македонската економија стагнира и убедливо е на дното.

Еве за споредба некои од нам познати и блиски земји како поминале во последното тримесечие од 2017-та година.

Раст на БДП во Q4 2017

Словенија

6.0%

Романија

6,9%

Бугарија

3.5%

Чешка

5.1%

Словачка

3.5%

Србија

2.5%

Македонија

1,2%

Хрватска

2,0%

На што се должи ова мала анализа. На приходната страна како што знаат да кажат економистите, исклучително негативни се податоците за растот на градежништвото, кои укажуваат дека во Република Македонија градежните активности значително се намалени веќе трет последователен квартал. Имено, според податоците во четвртиот квартал градежништвото забележало пад од околу 20%. Тоа е цената на стопирање на изградбата на автопатите и останатите капитални проекти.

Дополнително, индустриското производство забележува низок раст од скромни 2,3%, значи ова се однесува на последното тримесечие т.е лани, кој да потсетиме е движен во најголем дел од растот на производството на новите странски инвестиции во развојните зони, кои Владата предводена од СДСМ смета дека се несоодветни за македонската економија.

Исто така пад бележат сите останати дејности, (информации и комуникации, финансиски услуги, јавна управа и одбрана, активности во врска со недвижниот имот) освен дејностите трговија и земјоделство.

На расходната страна, е она што повеќе не загрижува, пад од 1% забележуваат бруто-инвестициите кои се и показател за идните движења во економијата. Падот на инвестициите укажува дека македонската економија и во следните години ќе остварува ниски стапки на раст. Дополнително јавната потрошувачка изразена преку ниското ниво на реализирање на капиталните инвестиции претставува негативен двигател на БДП.

Податоците за БДП покажуваат дека извозот солидно расте, што во најголем дел е резултат на одличните резултати остварени од страна на новите странски инвестиции во развојните зони. Само за илустрација Џонсон Мети во 2017 година извезол стоки во вредност од 1.6 милијарди евра.

На крај почитувани, кои се причините за стагнацијата на македонската економија во 2017 година, оваа за жал сушна оаза во морето на просперитет во околните земји и во Европа?

Често зборуваме за објективни и субјективни причини. Во нашиот случај тешко можат да се најдат објективни причини за падот на економијата. Она што најмногу влијаело во последните три месеци од минатата, а се чувствува и во текот на ова тромесечие од 2018-та година, се издишените очекувања кај економските субјекти од новата власт предводена од СДСМ. Јавноста веројатно се сеќава на големиот оптимизам кај населението и претпријатијата, вклучително и кај потенцијалните странски инвеститори, по смената на власта во 2006 година, кој се преточи во стапки на раст тогаш највисоки во Европа од близу 6 отсто, а не како сега – една голема Нула. Која е разликата?

Почитувани, тогаш во економскиот тим на владата немаше членови кои „ниту знаат, ниту се трудат“, туку имаше посветени професионалци кои предизвикаа вистински пресврт во македонската економија во позитивна насока.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2018 22:34