Владимир Милчин во вечерашното гостување на Канал 5, упати порака до Владата- помалку да ветува, а повеќе да остварува.

– Колку брзо се забораат ветувањата. Помалку ветувајте, повеќе остварувајте. Сега нема остварување. Не гледам дека денеска има повеќе правда отколку што имаше во времето на режимот. Добро, има разлика во медиумите, повеќе се повеќе отворени и нема спектакуларни апсења. Точно е и дека сега повеќето невладини се стишени. Мислам дека дел од нив сѐ уште набљудуваат, но молчењето нема да трае уште долго. Оваа Влада нема да има толку време како Владата на Груевски, нема толку долго да биде поштедена од критики и реакции, изјави Милчин.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2018 22:42