Владимир Милчин смета дека во моментот со актуелната влада, ништо не функционира. Тој ја критикуваше Владата на Зоран Заев и искажа разочарување од немоќта и незнаењето да се фатат конците во раце. Ветувањата се заборавени, а според него, нема битна разлика од времето на режимот на Груевски и сега. Единствената разлика според Милчин е можеби тоа што ете сега е во Канал 5 и може да каже што мисли, за разлика од порано кога во истата телевизија бил само оцрнуван, критикуван и прогласуван за предавник.
Истумбувањето на приоритети со кои Македонија треба да се европеизира,нема да може да се премолчува, а критиката од јавноста ќе се засилува од ден на ден.
Оваа Влада нема да има толку време како онаа на Груевски, рече меѓу другото Владимир Милчин во „Само вистина“.