До крајниот рок за поднесување годишни даночни пријави, кој истекува во четврток следната недела (16 март), се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата за јавни приходи (УЈП), со поднесување годишна даночна пријава.

Како што информираат од УЈП, заклучно со вчерашниот ден се поднесени 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје, 86.643. Во Штип се поднесени 46.473, во Битола 30.966, во Прилеп 30.411, во Струмица 20.921, во Тетово 19.844,….

Од вкупно поднесените 235.258 пријави, по електронски пат се доставени 1.226, а останатите 234.032 во хартиена форма.

За да се избегнат метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, граѓаните можат да поднесат пријави и во дополнителните пунктови кои ги отвори УЈП за прием на годишни даночни пријави во Центар, како и во општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром или да ги поднесат преку мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија.

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2018 13:09