Растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година ја потврдува исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и е уште еден во низата показатели дека економијата се стабилизира и се движи во добар правец.

Последните три месеци од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики донесоа пад на економијата од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година. Дополнително, преку политиките на деструкција, блокади и насилство кое кулминираше на крвавиот четврток, ВМРО-ДПМНЕ предизвика економска и правна несигурност за граѓаните и стопанството а сето тоа поразително се одрази врз економијата.

Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започнат е процесот на спроведување реформи што ги санираат штетите од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ја стабилизираат економијата и го поттикнуваат економскиот раст.

Тоа е потврдено и преку економските параметри. По падот на економијата поради лошото владеење на ВМРО ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во последната четвртина од годината, економијата порасна за 1.2 % како одраз на враќањето на стабилноста и ефикасноста на спроведените мерки.

Владата предводена од СДСМ преку одговорното управување со финансиите и спроведувањето на мерките од Планот за економски раст продолжува да работи на овозможување услови за достигнување на предвидениот економски раст од 3,2 отсто за 2018 година, како и негово интензивирање во следните години.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2018 15:59