Економијата тоне, а градежништвото е во слободен пад. Оваа неспособна власт ниту умее, ниту знае како да ги доврши веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак планира да започне нов капитален проект во инфраструктурата.

Договорот за автопатот Демир Капија - Смоквица заврши, а автопатот не е пуштен во употреба, иако потпишаа нов анекс со нов рок за градба и нов рок за надзор и тој не го исполнија.

Доколку за скоро една година не можат да завршат и да пуштат во употреба завршен автопат може да претпоставиме што ќе се случува со останатите проекти. Ние ќе ги охрабриме барем малку да се фатат за работа за да можат граѓаните да ги видат придобивките од европскиот автопат Демир Капија - Смоквица и секако да го пуштат во употреба.

Трагично е што градежништвото е во пад од околу 20%, проектите се застанати, а нови проекти нема.

Ветувањето на СДСМ за 600 километри нови автопати ќе биде уште една голема лага како и сите други нивни ветувања.

Дефинитивно ова е најнеспособната влада во нашата историја која нема никаков капацитет ниту за нови проекти, ниту пак за реформи во било која област.

Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат.

Се надеваме дека оваа влада ќе се разбуди и ќе се фати за работа, бидејќи само така граѓаните ќе видат придобивки.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2018 20:19