ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во инфраструктурата особено што токму таа партија остави пустош во инфраструктурата и нанесе огромни штети врз буџетот и врз интересите на граѓаните. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција.
Покрај бројните пропусти во изградбата на автопатите, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е директна причина и за тоа што пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, автопатот е целосно завршен и ќе биде пуштен во употреба веќе во текот на следниот месец.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат сериозни инвестиции во инфраструктурата и ги санираат штетите настанати од криминалните и погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ.