Црните прогнози за економијата и стравовите од неспособноста на владата на СДСМ се остваруваат. Економскиот колапс е очигледен и за жал тоа го потврдија и бројките.

Зоран Заев и СДСМ ветуваа годишен раст на економијата во просек од 5%, а остварија најнизок во регионот и Европа, односно остварија една голема нула.

Доколку СДСМ успееше да го достигне барем растот од последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, односно 2016-тата, тогаш државата и граѓаните ќе беа побогати за 300 милиони евра.

Растот на економијата во 2017 година изнесува 0%. Ова е показател дека власта не знае да ја води економијата. Владата ја води државата кон економски колапс. Една година претходно, кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, година на политички кризи и избори економскиот раст изнесуваше 2.9%.

Падот на растот ги чини граѓаните 300 милиони евра. Економијата тоне, а власта истовремено расипнички се задолжува.

СДСМ ги осиромашува граѓаните. Наместо политики за економски раст СДСМ спроведува политики со кои ја уништува економијата. Неспособноста и безидејноста на економски план ја клекнаа државата на колена.

Инвеститорите не заобиколуваат. Капитални инвестиции нема. Доколку продолжи овој тренд државата допрва ја чека катастрофа.

Имено Република Македонија бележи пад на бруто-инвестициите од 1%, а тие се показател на идните движења во економијата. Падот на инвестициите укажува дека македонската економија и во следните години ќе остварува ниски стапки на раст.

Во исто време градежништвото забележало пад од околу 20%. Тоа е цената на стопирање на изградбата на автопатите и останатите капитални проекти.

Граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на СДСМ. Ветуваа живот, донесоа беда.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2018 20:22