Народната банка на Република Македонија ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Кованата пара е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 23,30 грама, чистота од 19,43 грама, во квадратна форма со димензии 37 на 37 милиметри, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 на 6,1 милиметар.
Цената на кованaтa парa „Бик“ изнесува 2.800 денари.