Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска потврди дека во рамки на посетата на Варшава оваа недела, разговарал со полската компанија која планира инвестиција во Македонија.

Како што рече пред настанот по повод Европската недела на старт-апи, има и датум кога ќе почне градењето на новата фабрика, но тоа ќе го соопшти компанијата.

– Имав разговори. Се надевам дека ќе бидат успешни и дека ќе резултираат со градење нова фабрика од автомобилската индустрија. Но, јас ќе оставам тие да завршат и, како што е редот, инвеститорите сами да го соопштат датумот на почеток на инвестицијата, истакна Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2018 00:48