Познатиот ланец на супермаркети Тинекс, на 7ми март повторно ги отвори вратите за своите потрошувачи во Струмица. По целосното реновирање, Тинекс маркетот во Струмица официјално продолжи со работа.
Реновираниот маркет е дизајниран со нов модерен ентериер и збогатен со месарница и готови јадења. Со отворањето на маркетот, купувачите повторно добија можност на едно место да пазарат од широкиот асортиман на различен вид производи, да купат вкусно свежо месо од новата месарница и да ги пробаат домашно приготвените готови јадења кои се отворени во склоп на новиот маркет.
Во текот на вчерашниот ден, Тинекс маркетот го посетија голем број на потрошувачи кои уживаа во новата пријатна атмосфера на маркетот и ги искористија големиот број на ексклузивни акции, по повод повторното отворање.
Тинекс маркетот во Струмица, лоциран на ул. Маршал Тито бб., беше отворен во 2005 година, како дел од ланецот на Тинекс дисконти и за кратко време прерасна во еден од најпознатите и најдобри маркети во Струмица, каде купувачите секогаш добиваат врвна услуга и квалитетни производи по најповолни цени.
Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 23 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На полиците во нивните супермаркети, достапни во 11 градови низ Македонија, секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производи од приватниот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, кои се достапни единствено во Тинекс.