Доколку навистина се грижеа за потребите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ досега за време на нивното владеење ќе го изградеа Клиничкиот центар. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното владеење целосно го опустоши здравството.
За разлика од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ која за 11 години не успеа да изгради Клинички центар, Владата предводена од СДСМ со изборот на новата локација гради целосно нов Клинички центар којшто ќе нуди интегрирани здравствени услуги.
Проектот за новиот клинички центар вреден 420 милиони евра на долг рок станува поисплатлив и поевтин и е историска инвестиција, Македонија добива клинички центар по 1947 односно после 80 години.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ којашто го опустоши здравството и неколкупати ја одлагаше изградбата на Клиничкиот центар, Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем кој обезбедува навремени и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.