Граѓаните го дочекаа и тоа чудо. СДСМ да почне да се срами од катастрофалните економски политики на владата на Заев и да ја лаже јавноста фалејќи се со резултати од сработеното кога тој не бил премиер.

Државниот завод за статистика ги потврди лошите и погрешни политики на СДСМ. Имено стапката на невработеност мерена преку Анкетата на работна сила во четвртиот квартал од 2017 година изнесувала 21.9% или исто ниво како претходниот квартал.

Нултиот економски раст (Стапката на раст на БДП во 2017 година изнесување 0%), најслаб во Европа, придонесува стапката на невработеност да стагнира. Во услови кога стапките на невработеност во сите европски земји речиси и без исклучок, драстично се намалуваат, во Република Македонија стапката на невработеност стагнира. Стапката на невработеност во Бугарија достигнува 5,6% што претставува намалување од 20% во однос на претходната година. Намалување на невработеноста од околу 20% забележува и Португалија, а големо намалување на невработеноста забележуваат и Хрватска, Црна Гора и Србија.

Дополнително, минималното намалување на невработеноста во Република Македонија исклучиво е резултат на иселувањето на младите луѓе кои ги увидоа погрешните политики на СДСМ и ја напуштија нашата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2018 01:31