Јапонецот Таро Даниел приреди вистинско изненадување на мастерсот во Индијан Велс откако во второто коло го совлада Новак Ѓоковиќ 7:6, 4:6, 6:1.
Српскиот тенисер го одигра првиот меч по турнирот во Мелбурн, каде во осмина-финалето загуби од Хјеон Чунг и по паузата поради операцијата на лакотот. Во дуелот со 109. тенисер на АТП листата, Ѓоковиќ одигра добро само на почетокот кога имаше водство 5:2 и сервис за првиот сет. Јапонецот потоа се врати во сетот, а по тајбрејкот поведе со 1:0.
Во останатиот дел од мечот што траеше два часа и 35 минути, Ѓоковиќ се мачеше на теренот, на моменти делуваше како да има проблеми со физичката подготвеност.
Даниел против Ѓоковиќ ја оствари најголемата победа во кариерата, а во третото коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Маер и Бемелманс, пренесува Макфакс.