Неодговорната влада на СДСМ, 7 месеци го одолговлекува пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица, кој требаше да биде готов уште во август минатата година.

Оваа безидејна влада дополнително го проби и рокот кој сами си го зададоа со анекс на договорот за градба и сеуште не го пушта во употреба готовиот автопат уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го донесе во крајна фаза на реализација автопатот Демир Капија - Смоквица, остануваше само да се изврши дислокација на електричен столб и да се изгради диспечерски центар. Работи кои можеа да бидат изведени за недела дена, но СДСМ ги одолговлече работите до недоглед и готов автопат не пушта во употреба, само за да може да рече дека ете и тие нешто работеле па го довршувале. Фактите се јасни. Автопатот го изгради ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба најбрзо да го пушти во употреба, како граѓаните ќе можат да ги користат бенефитите од истиот.

Една година нема никаков инфраструктурен проект од власта која ветуваше инфраструктурен бум. Една година, а милијарди задолжување, пад на економијата и општа стагнација.

СДСМ ниту знае, ниту има капацитет за изведба на крупни инфраструктурни проекти. Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година ветуваше дека власта ќе изгради 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1.000 километри регионални патишта. Сега гледаме дека СДСМ не може ниту да ги пушти во употреба патиштата завршени од ВМРО-ДПМНЕ, а да не зборуваме да изгради нешто ново.

Помина скоро една година, а власта нема започнато ниту еден километар нов пат или автопат. Една година власта ги помина во спроведување на штетни политики, покачување на давачките и задолжување на граѓаните до недоглед.

Заев пред изборите свесно ги манипулираше граѓаните. СДСМ и Заев покажаа дека ниту имаат план, ниту капацитет да работат и создаваат. Граѓаните од СДСМ видоа само деструкција.

Ова е најнеспособната влада во историјата на Македонија. Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2018 17:34