Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, деновиве доби закани од страна на бандитите од разгранокот на ДУИ во Чаир. Тргнувајќи од ова, Движењето Беса изразува загриженост за овој насилен и кукавички чин на бандитите кои се добро познати за Чаир, вели Африм Гаши, претседател на Движењето Беса.

„Движењето Беса го осудува секој вандалски чин кој се прави кон слободните медиуми, а особено изразуваме загриженост кога се упатуваат закани кон новинарите и новинарството како професија. За нас, новинарите се гласот на граѓанинот и овој глас не може да се замолчи од страна на бандитите на ДУИ, особено кога на овие бандити им се приклучуваат и познати антиалбански личности како Миленко. Движењето Беса ќе продолжи да биде гардијан на слободниот збор бескомпромисно“, вели Гаши.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2018 17:42