ВМРО-ДПМНЕ партијата за чиешто владеење се апсеа и притвораа новинари, се вршеа упади и затворања на медиуми, пропагандата го имаше главниот збор, а слободата на изразување беше системски задушувана, нема никаков кредибилитет да зборува за слобода на медиумите.

За разлика од таквото неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, започнатиот процес на ослободување на институциите и општеството од страна на Владата предводена од СДСМ обезбедува еднакви услови за сите и ја гарантира слободата на изразување.

Новинарите и медиумите слободно ја вршат својата работа, нема мешање во уредувачката политика на медиумите.

Законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално, во интерес на граѓаните, ослободени од партиски притисоци. Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било припадност.

Се уште постојат предизвици но се слуша гласот на граѓаните, на новинарите и се преземаат институционални мерки за нивно надминување.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2018 15:24