Власта e исплашена од работниците и на секој можен начин се обидува да го оневозможи слободното синдикално организирање. Исплашена е зошто не направи ама баш ништо за подобрување на нивниот стандард.

Партиските кадри на СДСМ во ЕЛЕМ на чело со Драган Миновски, вршат притисок врз вработените да пристапат во синдикат под контрола на власта, стои во писмото упатено од Европската конфедерација на синдикати до ЕЛЕМ.

Раководството на ЕЛЕМ повеќе од 4 месеци не му префрла пари на „Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата“ и го блокира неговото нормално функционирање.

Раководството на РЕК Битола неосновано ги одзеде просториите и документите на постојниот синдикат и ги даде на користење на новиот синдикат, кој се формира по директива на новото раководство.

Ова се само дел од притисоците со кои се соочуваат синдикатот и вработените во ЕЛЕМ.

Во ОВА писмо упатено од Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Јан Вилем Гудријан до раководството на ЕЛЕМ и генералниот директор Миновски, се апелира да запрат притисоците врз синдикатот и работниците.

Европската конфедерација на синдикати упати 4 јасни барања до раководството на ЕЛЕМ, со цел гарантирање на непреченото синдикално организирање:

1. Да даде јасна и недвосмислена изјава дека нема да се меша во работите на синдикатот.

2. Да овозможи независна истрага која ќе биде спроведена од страна на Меѓународната организација на трудот и европските и светски синдикални здруженија.

3. Да обезбеди простории и документација во сопственост на синдикатите, онаа што им беше земена да им биде вратена на истите;

4. Да го почитува „Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата“ и да преговара со синдикатот и да најде решение за негово функционирање.

Ова е недозволиво однесување на власта. Властите се изживуваат со над 4.000 вработени во оваа претпријатие. ВМРО-ДПМНЕ го повикува директорот на ЕЛЕМ да понесе одговорност за случајов и да си даде оставка.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта веднаш да престане со притисокот врз вработените и синдикатот во ЕЛЕМ. Правото на синдикално здружување е уставно право на граѓаните и никој не смее да го попречува.

Прашање: Како го коментирате истражувањето кое денеска го објави БИРН во врска со сомнителната набавка на Шкоди од страна на МВР?

Одговор: Во однос на овој скандал се произнесовме како партија со прес конференции, мислам дека ноември минатата година. Се работи за сериозен скандал кој што мора да се расчисти до крај. Се работи за набавка на околу 40 возила во вредност од 1 милион евра кој што под крајно сомнителни околности не е организирана јавна набавка, туку е доделен во четири очи и тоа на фирма донатор на СДСМ од Куманово. Така да ги поздравувам медиумите за тоа што се интересираат за овој скандал и се надевам дека ќе биде расчистен до крај.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2018 19:43