Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со млади луѓе во Струмица.

„На кафе со младите во Струмица. Денес имав можност да поразговарам со младите луѓе од Струмица. Подеднакво и тие ја споделуваат грижата за случувањата во нашата држава. Невработеноста и безперспективноста се главниот проблем и тоа не само во Струмица, туку и во целата држава. Младите заслужуваат подобар третман и шанса за развој. И Владимир, и Елена, Александра, Љубинка, Ѓорги, Наско,Тимче и сите останати со кои се сретнав кај нив гледам огромен потенцијал и енергија, тие се нашата иднина заеднички да се избориме за подобра Република Македонија“-напиша тој на својот Фејсбук профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2018 20:18