Владата во собраниска процедура го пушти усогласениот текст на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Македонија.

Според Владата, овој закон претставува своевидна шема за поддршка согласно прописите со кои се уредува контролата на државната помош за инвестициите.

Целта на овој закон, како што стои во соопштението од владината прес-служба, е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето, а мерките од законот освен странските, ги опфаќаат и дијаспората, како и домашните компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 13:36