Ние сме единствената држава во Европа каде што економијата во 2017-тата година е во стагнација. Не можеме да кажеме раст, велиме во стагнација бидејќи е 0%. Бев во Унгарија, седнав со премиерот Орбан вели дека е 5% економијата на Унгарија во пораст. Бев во Бугарија вели 4%. Во Америка се фалат дека нема подобра година за американската економија во 2017-тата година. Германците од кабинетот на Меркел не посетија викаат имаме суфицит 32 милијарди евра, не знаеме што да правиме фантастична година.

Само ние веднеме глава, се срамиме, гледаме надолу. Ние знаеме што не снашло, не снашло цунами Заев, ама не знаат они што не снашло. Значи имаме една катастрофална ситуација ветуваа 5% раст, обезбедија 0%, 0% катастрофална ситуација во економијата.

Ветуваа 30.000 денари плата, успеаја на сила да наметнат некаков си минимум притоа вештачки да ја покренат за 1-2% платата и никако тоа да мрдне. Ветуваа 100.000 за докторите, сега не само што немаат 100.000 плата просечно, него и таа што треба да им ја покачат наместо 10 ја намалија на 5%. Катастрофа и омаловажување. На секој чекор.

И не го зборувам ова како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и човек од ВМРО, еве и кој што е најповикан да зборува за оваа тема, него го зборува и како загрижен граѓанин и како универзитетски професор, низ чии што раце и кредата во рака поминале илјадници студенти. Кои што ги учел за една поинаква Македонија. За жал реалноста во нашата држава после овие 10 месеци по цунами Заев е таква како што е.

На пензионерите им ветуваа поголеми пензии, и тие што треба законски да им ги даваат и тие не им ги даваат. Велат доцнат субвенциите, ќе доцнат нормално го утнаа Буџетот за цели 200 милиони евра. И како што гледате никој не сноси одговорност.

Имаме странски инвестиции катастрофална ситуација, 100 милиони помалку од 2016-тата година. Која патем речено не беше најдобра туку потпросечна година. Е сега тука вака помалку сатирично ќе кажам еден пример на една успешна странска инвестиција и за која што треба да им се честита на Зоран Заев и останатите и тоа за продажбата на компанијата на вицепремиерот на Грчкото електростопанство. Тоа е една добра успешна странска инвестиција која навистина донесе додадена вредност во џебот на Анѓушев, и можеби на Заев. А, на сметка на тоа ги продаваат државните национални интереси на радио емисии, лицитираат со иднината на оваа држава и така натаму.

Но ете можеме да ја сфатиме таа странска инвестиција како успешна и тука можеме да им честитаме.

Сето останато е голема нула немаат ама баш ништо направено. Нити пак гледаме нешто дека можат да направат. Гледаме како полицајки се омаловажуваат, како се скаруваат, а потоа и самоповредуваат од пајаци, па сето тоа вака театрално со многу трилери се претставува на македонската јавност и се понижува капацитетот на македонската јавност.

Тоа веќе не смееме да го дозволиме. Тоа дали ние ќе го дозволиме или не зависи од самите. А, за да тоа не го дозволиме во иднина треба да го поразиме тука на лице место.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 14:10