Досега до УЈП се поднесени над 334 илјади пријави. До утре се очекуваат уште 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Утре е последниот рок до кога граѓаните кои оствариле екстра приходи, треба да ги достават годишните даночни пријави. Управата повика да се исполни законската обврска, во спротивно, предвидени се казни.

Досега до УЈП се поднесени над 334 илјади пријави. До утре се очекуваат уште 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Од УЈП потсетуваат- пријавите, освен на даночните шалтери, може да се поднесат и преку пошта и преку електронската страница за даноци, за регистрираните корисници.

За да се избегне метежот во Регионалната дирекција- Скопје, граѓаните треба да ги поднесат пријавите и на шалтерите во Општинте Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 14:17