Сопственик на кавадаречки „Фени“ ќе биде швајцарската компанија „Гсол“. Најголемите доверители, Комерцијална и Стопанска банка од Скопје соопштија- од двете доставени понуди за откуп на побарувањата, на бугарската „Минстрој“ и на швајцарската „Гсол“, ја прифатиле втората.

Пресудно за изборот, според банките, биле роковите и условите за исплата на побарувањата. Предвид биле земени и побарувањата на работниците за плата, кои се веќе исплатени, како и раздолжувањето со другите доверители во стечајната постапка.

Откупот на побарувањата да биде завршен до крајот на месецот- очекуваат банките.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 16:43