Соопштение до јавноста - реакција на прес конференцијата на Оливер Ристовски
СДСМ ја лаже и домашната и меѓународната јавност. Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството мора да бидат во согласност со препораките на Европската комисија и Венецијанската комисија. Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ ниту се прифатени, ниту се вградени во решенијата на СДСМ. Токму заради значењето на реформскиот процес во делот на судството, ставовите меѓу власта и опозицијата требаше да се усогласуваат на дополнителни средби на работната група.
Денешниот настап на заменик министерот за правда ја покажува несериозноста на СДСМ кон целиот процес. Станува се појасно зошто целосно се распадна претходниот состав на телото за реформи во судството.
Несериозноста и неспособноста на СДСМ на крај ќе ја платат граѓаните на Република Македонија. Затоа оваа власт мора да биде поодговорна или час поскоро да си замине и да престане да прави штета на државата. ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува силно посветена на ЕУ и НАТО интеграциите и затоа смета дека реформите не смее да се сведат само на шминка со која што ќе се залаже домашната и меѓународната јавност, туку мора да ги исполнуваат европските критериуми.