Италијанските компании се заинтересирани за учество во инфраструктурните проекти за доизградба на коридорите осум и десет, но и за сорботка со македонските компании од текстилната, чевларска и машинската индустрија, а особено во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, како и за вложување во технолошкоиндустриските развојни зони.

Ова во одговор на прашање го порача претседателот на Конфииндустрија Македонија, Марко Маркони по потпишувањето меморандум за соработка со Сојузот на стопански комори.

Тој нагласи дека интересот на италијанските компании за инвестирње во Македонија се зголеми по промената на власта и подобрувањето на соработката со Европската унија.

– Членството на Конфииндустрија се чувствува побезбедно да инвестира секаде каде има претставништво на нашата асоцијација. Ќе се потрудитем да дадеме детална поддршка на италијанските компании да најдат соодветни партнери во Македонија и соработката да оди најдобра насока. Желбата на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО е дополнителна гаранција за италијанските претприемачи, потенцира Маркони.

Тој посочи дека Конфииндустрија има 160.000 членки од сите големини и има претставништва ширум Европа. Конфиндустрија Македонија, нагласи, е основана со цел да биде адреса за сите италијански претприемачи кои во Македонија бараат бизнис партнери, а овој дел од Балканот го сметаат за интересен за развој на своите бизнис активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 18:11